Денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, за да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти.
Одделот за граѓански работи, во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици, денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од осум до 16 часот.
Ќе работат и подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе. Од подрачните единици на отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски брод.
Од подрачните единици на отсекот за управни работи Струмица ќе работат подрачните единици во Струмица, Гевгелија и Радовиш.
Одделението за управни работи скопје само во објектот на МРТВ денеска ќе работи на прием и издавање на лични од осум до 16.00 часот.
Утре, сите овие подрачни единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти од седум до 19 часот, вклучувајќи ги и пунктовите во Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.