Македонија

Во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандидат за советник дал илјада денари на гласач. обвинителството постапува

Делчевското обвинителство постапува по примено известување дека вчера, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал илјада денари на гласач, да гласа за определена политичка партија.

Од ова обвинителство велат дека се дадени насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци. Во исто време, јавното обвинителство соопшти дека комисијата за следење  евентуални нерегуларности поврзани со кривични дела против изборите и гласањето, и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, продолжува да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.

И во текот на изборниот ден, комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг.

Итно и со приоритет обвинителствата  ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите.

Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до основните јавни обвинителства. Во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има показатели за сторено кривично дело поврзано со изборите, може да достави поднесок / пријава до комисијата за следење изборни нерегуларности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе