Вести Македонија

77-годишен дедо од Кичево на фејсбук коментирал за политичар, но со расистички и ксенофобични зборови

Иако фејсбукот се поврзува главно со помладата и средната генерација, секако има и луѓе кои и во староста си имаат сопствени профили.

Во случајот станува збор за 77-годишен старец, кој преку својот ФБ профил коментирал медиумски објави за политичар. По пријавата е утврдено дека дедото од Кичево всушност со заканите извршил потешко кривично компјутерско дело. Настанот се случил последниот ден од август.

Во кривичниот законик за делото „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ за што е обвинет „фејсбук-дедото“ казната воопшто не е наивна и е определена од минимум една до 5 години затвор.

Еве што соопшти МВР:

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Н.(77) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 31.08.2021 од својот Фејсбук профил на електронски медиум објавил коментар со кој во јавност промовирал и поттикнал омраза.

Гласот во Кочани поскап од оној во Македонска Каменица- откриени два случаи на поткуп, еден масовен со десетина поткупени, вториот директно во штаб

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе