На 18-тина километри од Центар Жупа, речиси на македонско-албанската граница утрово се почувствува серија земјотреси. За само 6 минути се регистрирани 4 земјотреси во Албанија, а граѓани во Македонија и во близина на погодените области и во Скопје преку социјалните мрежи објавија дека почувствувале тресење на земјата. Нема информации за жртви, повредени и материјална штета.
Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8:10 часот (4,7 по Рихтер), а последниот од 3,6 степени во 8:11.
Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.