Уверение и лична карта издадени на име Ангел Арсовски, од 3 април 2017-та година, во Петрич , Бугарија, презентираа денеска во СДСМ. Тврдат дека се на сопругот на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која ја обвинуваат дека и таа и целото нејзино семејство имаат бугарски лични карти. Валидноста на документите ја потврдиле преку официјалниот сајт на бугарското МВР.
Противкандидатот на Арсовска, Петре Шилегов, ја обвини Арсовска за неискреност.
Арсовска побара јавно извинување од СДСМ, а веќе поднела и тужба. Обвини за црна кампања против неа, а на Шилегов и Заев им порача да на се борат со лаги, туку со проекти и идеи за Скопје.
Во меѓувреме, и ВМРО-ДПМНЕ ги засилија обвинувањата против Шилегов. Тврдат дека, иако рече дека е финансирана од донатори, за прославата на Нова година во Скопје, кога гостуваше Дино Мерлин, потрошил 300 илјади евра буџетски пари.
Двајцата противкандидати за градоначалник на Скопје имаат уште еден ден за да испратат пораки до скопјани, пред изборното соочување во недела.
Далиборка Дамјанска Цветановска