Ковид19 Македонија Најважни

17 годишна девојка почина од Ковид на Инфективната клиника

Утрово на Инфективната клиника во Скопје, од последици на коронавирусот почина 17 годишна девојка од демирхисарското село Сопотница. Оваа средношколка од трета година во битолското Медицинко училиште, е најмладата жртва на Ковид-19 во Македонија од почетокот на пандемијата. Таа била дијабетичар и не била вакцинирана, инфомираат од Министерството за здравство. Првпат побарала помош во битолската болница на 18 октомври.

Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, температура  40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите, а овие симптоми ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош. Ја прегледал лекар во амбуланта за суспектни пациенти, тестирана е и истот ден е добиен резултат – ковид позитивна. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Следниот ден, на 19 октомври,  со возило на итната помош, младата пациентка е однесна во Клинката за инфективни болести во Скопје во многу тешка состојбата, а за време на транспортот постојано е на кислородна поддршка и под надзор на медицински тим, наведуваат од Здравство.

Пациентката е примена во единица за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести и почнат е интензивен третмант по протокол за лекување пациент со тешка Ковид-19 инфекција. Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика, се наведува во соопштението од МЗ. 

Но, вчера драмтично се влошила сосотјбата кај пациентката, тоа довело до срцево и белодробно попуштање. Безуспешни биле обидите на лекарите за нејзина реанимација, а 17 годишната средношколка полина денеска во раните утрински часови.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе