На два дена пред крајот на изборната кампања, СДСМ објавуваат нови докази за кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Од партијата тврдат дека не само таа што има бугарско државјанство и бугарска лична карта, туку има и целото нејзино семејство. Валидноста на документите се потврдува преку официјалниот сајт на бугарското МВР тврдат од СДСМ. Ја обвинуваат за неискреност кон граѓаните, и ја прашуваат за чии интереси работи.
Арсовска не кажува дали има или нема бугарско државјанство. Таа ги негираше обвинувањата на СДСМ. Побара јавно извинување од СДСМ, а веќе поднела и тужба. Обвини за црна кампања против неа, а на Шилегов и Заев им порача дека наместо да се борат со проекти и идеи за Скопје, тие се борат со лаги.