Македонија

ЈО поведе предистражна постапка за случајот со физичкото насилство на наставник врз ученик во училиштето „Панајот Гиновски“

Јавното обвинителство поведе предистражна постапка во врска со физичкото насилство врз седмоодделенецот од наставник по англиски јазик во ОУ „ Панајот Гиновски“, во Бутел.

По наредба на јавниот обвинител во овој момент проверките ги прави Министерството за внатрешни работи, но и други надлежни органи. Предметот е во фаза на предистражна постапка и согласно закон, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали за дејствијата кои се преземаат во рамките на предистрагата, бидејќи тоа би ја нарушило постапката, соопштуваат од ОЈО.

За утврдување на фактите околу тепањето на ученикот од страна на наставникот, како дел од поведената дисциплинска постапка, испратени се покани до родителите и детето за разговор со членовите на дисциплинската комисија. Ова ни го кажа во телефонски разговор директорката на училиштетото Ќамуран Реџа. Таа потенцира дека ова е прв ваков случајот во училиштето, со поведена дисциплинска постапка за наставник и дека не може да се спроведе бргу зашто се запазуваат сите законски процедури.Според Реџа, не се исклучува соучениците кои сведочеле на немилиот настан да бидат испрашани од дисциплинската комисија. Случајот го истражија и од Државниот просветен инспекторат и изготвија записник.

Јавноста дозна за случајот од објавеното видео на „ТикТок“, минатиот викенд . На видеото се гледа како наставникот првин му удира шлаканица на ученикот, а потоа го крева од подот и го спушта, додека уплашеното дете се обидува да се заштити, покривајќи го лицето со рацете.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе