Нова локална власт доби Штип, кој е прв и со нови кадровски решенија на двете големи јавни претпријатија.
По три дена од преземањето на функцијата, градоначалникот, Иван Јорданов денеска го соопшти и тимот, со кој ќе ја раковиди општината.
Првите луѓе на „Исар“ и „Стипион“ , Трајче Здравков и Игор Ефтимов од денеска се вршители на должност.
Здравков и Ефтимов засега ќе се држат на краток ланец, со нивното назначување за вршители на должност.
Двајцата треба да се докажат дека ќе работат во интерес на граѓаните, а потоа да ги добијат директорските решенија.
Здравков и Ефтимов во директорските канцеларии нема кој да ги пречека, бидејќи минатата недела и двајцата поранешни директори си дадоа оставки, а јавноста ја известија преку социјалните мрежи.
Во Штип деновиве се очекуваат и нови директори во училиштата, а на ниво на Брегалнички регион во локалните институциите ќе има околу 30 нови кадровски решенија, единствено во Делчево и Берово, каде што градоначалниците го почнаа вториот мандат засега нема да прават проветрувања во локалните институции.
Викторија Јованова