Вести Македонија

Поради корона одлагања и пауза од 90 дена, судскиот процес „Моќник“ против Антонио Милошоски и Томе Аџиев почнува од почеток- може и да застари обвинението

Коалицијата за правично судење извести дека судењето по предметот „Моќник“ на укинатото СЈО  „постапката започна одново поради протек од 90 дена“.

Големата и долга пауза била поради тоа што бранители, службеници и обвинети вклучени во процесот, биле болни од корона во различен период. Судскиот процес се води во скопскиот Кривичен суд.

Поради повеќе од три месеци без рочиште, судењето почнува од почеток, а на денешното рочиште се разгледувале материјални докази во постапката. Наредното рочиште е закажано за 25-ти ноември.

Предметот „Моќник“ за некои обвинети може да застари во првите неколку месеци од наредната 2022-ра година затоа што активностите на кои се однесува обвинението се случувале во 2012-та, а согласно законот застареноста настапува кога ќе помине двојно повеќе време од максималната казна за конкретно кривично дело.

Во „Моќник“ меѓу обвинетите се и пратеникот Антонио Милошоски, некогашниот претседател на лустрациската Комисија за верификација на факти, Томе Аџиев, 9 членови на укината лустрациска комисија, таткото на пратеникот Милошоски и екс градоначалник на Македонски Брод.

Лустраторите се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба по налог од осомничениот пратеник незаконски го лустрирале кичевскиот судија Драги Билевски кој почина пред да заврши постапката.

Вториот дел од обвинението за зграда во село Ижишта која општината Македонски Брод ја продала на таткото на пратеникот со што е нанесена штета на буџетот од 50 илјади евра. Зградата инаку ја користела општина Пласница, а по продажбата бил отворен предмет во кичевскиот суд каде работеше подоцна лустрираниот Билески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе