Култура

На ОФФ-Фест пет концерти и проекција на документарец за Амалија Родригес

Јубилејното 20 издание на фестивалот ОФФ-Фест ќе се одржи од 9 до 13 ноемри. Планирани се 5 концерти и проекција на документарен филм.

Фестивалот на 9 ноември во 20 часот, во Националната опера и балет, ќе го отвори извонредното португалско/шпанско дуо „Lina_Raül Refree“, кое изведува осовремена и надградена фадо музика. А, претходно од 18 часот во МКЦ- кино Фросина, сеќавањата на големата португалска пејачка легенда на фадо, Amália Rodrigues (1920-1999), ќе бидат освежени со проекцијата на документарниот филм The Art of Amalia.

Мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на словенечкото трио „Širom“, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Kiko Dinucci, ветуваат, на 11 ноември во НОБ, исклучително концертно доживување од највисок ранг. A, на 13 ноември, исто така во НОБ , величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Blick Bassy (Камерун / Франција), ќе ја пресретне неодоливиот шарм, визија и поезија на нашиот „ Pijan Slavej“, новиот проект на Бранислав Николов – фронтменот на „Фолтин“.

Влезниците за ОФФ-Фест се веќе достапни, во строго ограничен број, на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе