Македонија Најважни

Два дена, две различни упатства, ДИК се предомисли за неважечките ливчиња

За два дена, ДИК донесе две различни упатства кои гласачки ливчиња треба да се сметаат за важечки. Вчера им посочи на изборните органи дека е доволно да биде видлива волјата на гласачот, па макар и да нема печат на гласачкото ливче, а денеска го повлече овој став и се врати на ставот утврден во согласност со Изборниот законик уште во март минатата година: за да биде важечко, гласачкото ливче мора да добие печат од избирачкиот одбор.

Даштевски најавува покренување кривична постапка доколку Избирачкиот одбор не ги почитува процедурите, односно не става печат на секое ливче што му се дава на гласачот.

Членовите на ДИК и овој пат се едногласни дека одговорноста за различните упатства не треба да се бара кај нив туку кај Управниот суд. Судот, одлучувајќи по тужба на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од ЛДП и ДОМ за општина Шуто Оризари, заклучил дека на голем број гласачки ливчиња јасно била изразена волјата на гласачите, но не биле земени предвид при сумирањето на резултатите поради грешка на избирачките одбори кои не ставиле печат. Ова е утврдено при увидот во изборниот материјал. Крајниот резултат е – прегласување.

Бидејќи има влијание врз резултатите, в недела на едно избирачко место ќе се повтори гласањето за советот на Шуто Оризари и за советот на град Скопје, а во Дебар на едно место пак ќе се гласа и за совет и за градоначалник. Втор круг ќе има во 44 општини и во Скопје, а во Центар Жупа и во Маврово-Ростуше повторно треба да бидат распишани избори бидејќи на 17-ти не изглегле на гласање ниту една третина од запишаните избирачи.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе