Ковид19 Македонија Најважни

Од 15 ноември во кафеани само со две дози на вакцина

Владата на денешната 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести усвои нови правила угостителските објекти, меѓу кои и дозвола за работа на ноќните клубови и барови 50 проценти од капацитетите.

Новите правила ќе важат од 15 ноевмри и со нив се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Покрај баровите и ноќните клубови, се дозволува работа во затворениот дел и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), исто така до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителски објекти, на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави, како објекти каде што се одржува настан од секаков друг вид, на посетители кои ќе приложат
потврда за извршена имунизација со две дози на вакцина против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.

Согласно ова, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе