Македонија

Мицкоски не верува во најавата за оставка на Заев

ВМРО-ДПМНЕ не верува во оставка на премиерот Заев. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека повеќе пати слушнал ваква најава, но таа ниту еднаш не се реализирала. Според него, повеќе треба да бидеме вознемирени од намерите на СДСМ и ДУИ да продолжат со крадење на народот, доколку останат на власт.

Синоќа во телевизиско интервју, Зоран Заев им порача на граѓаните дека на 31 октомври не треба да седат дома, туку да излезат на гласање и да му речат „не“ на режимот, национализмот, поделбите, барокот… Тој нагласува дека не би можел да ја води државата кон прогрес и евроинтеграции доколку  новите градоначалници на главниот град и на општините влечат во спротивен правец.

Заев признава дека со овие пораки се обидува да го мобилизира гласачкото тело. Слични пораки упати и минатата недела, па дел од јавноста протолкува дека доколку СДСМ не победи на градоначалничките избори во Скопје, премиерот Заев ќе си поднесе оставка од премиерската функција.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе