Вести Македонија

Алтернатива демантира дека влегува во Влада

Се засилуваат шпекулациите за окрупнување на владеачкото мнозинство. Синоќа, во интервју за ТВ Клан – лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека „Работата со Алтернатива е договорена, таа ќе биде дел од Владата. Четворицата пратеници од оваа партија ќе бидат дел од мнозинството“.

Партијата предводена од Африм Гаши, демантира. „За Влада која е во слободен пад, разбираливо е да се нуди толку отворено. Но едно е сигурно – први ноември ќе донесе нова власт – прво во Скопје а потоа и во државата.“

Алтернатива има четворица пратеници, но коалицира со Алијанса на Зиадин Села и заедно имаат 12 пратеници. Шпекулациите за нивно раздвојување и  се засилија откако премиерот Заев и другите помали коалициски партнери порачаа дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека по локалните избори е можно бројот на пратеници кои ја поддржуваат Владата да станме поголем од сегашните 62-ца.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе