Македонија

Привршува реставрацијаат на средновековна црква во Струмица, која датира од 13-тиот век

Привршува реставрацијата и конзервацијата на средновековната црква во Струмица, која во 2015 година ја открија струмичките археолози.

Црквата која датира од првата половина на 13 век била изградена во подножјето на цареви кули во делот каде што живеело цивилното население. Доктор Душко Цветанов вели дека станува збор за квалитетна градба со тула, камен, бигор и варов малтер.

Проектот за конзервација и реставрација го изработи професорот Трајче Нацев од Универзитеотт Гоце Делчев во Штип.

Тој вели дека стилот на оваа црква од византискиот период е со карактеристичен средновековен стил кој се негувал во струмичко во тоа време. Нацев вели дека целото подрачје на Македонија и Балканот е богато со историја, но конзервацијата е обично многу бавна.

Од Завод и музеј Струмица велат дека ќе се уреди просторот околу црквата, за да може да биде достапна и за посетители. Во план се изградба на патеки и информативни табли.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе