Дисциплинска комисија и Државниот просветен инспкеторат ќе одлучуваат што и како понатаму со наставникот по англиски јазик од основното училиште „Панајот Гиновски“ кој се однесувал насилно кон еден ученик , а тоа било снимено од неговите соученици и беше објавено на социјалните мрежи. Од снимките се гледа како наставникот, кој предавал англиски јазик, го мава ученикот, а потоа држејќи го за глава го крева и спушта на земја.
Директорката на училиштето, Ќамуран Реџа, за Телма потврди дека таа лично го пријавила случајот во МВР, откако ја видела содржината на снимката, и побарала да се состане Дисциплинската комисија.
Состанокот на дисциплинската комисија на која ќе биде сослушан наставникот ќе биде наредната недела.
Според информациите на Телма, и Државниот просветен инспекторат ќе отвори истрага за однесувањето на наставникот по наглиски јазик, а инспектори уште во понеделник да отидат во училиштето.