Македонија

Тетовските пчеларски здруженија со иницијатива шарскиот мед да се брендира

Полошкиот мед е надалеку познат по својот квалитет, но пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција.
На пазарот се почесто се продава мед кој не е природен, па поради тоа бараат поголема контрола од инспекциските служби за да се открие фалсификуваниот мед, кој најчесто го има во маркетите.
Тетовските пчеларски здруженија со иницијатива шарскиот мед да се брендира.
Покрај климатските промени, пчеларите во последниот период се соочуваат со уште еден проблем, дека пестицидите кои се користат во земјоделството како причина за угинување на пчелите.
Со цел да се потенцира дека нашата земја има квалитетен мед и да се даде поддршка на овој вид органско производство во Тетово трета година по ред Здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед’“ организираат Меѓународен натпревар за квалитет на медот.
Оваа година стручното жири треба да го избере најдобриот од вкупно 350 мости мед од 22 држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Костадинов го замрзна членството во СДСМ откако Филипче го извиси за Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе