Филмови

Трилогија “Три бои: Сино, Бело и Црвено” – ремек делo на светската филмска уметност

Великанот на источноевропската кинематографија – извонредниот режисер Кшиштов Кешловски – се вбројува меѓу најгенијалните  кинематографи на ХХ век. Кешловски одлучил својот талент да го насочи во создавање уметнички играни филмови (art house). Негово најпознато ремек дело е трилогијата филмови Три бои: Сино, Бело и Црвено (Trois couleurs: Bleu, Blanc et Rouge), создадена во непокорливиот дух на француското мото – слобода, еднаквост и братство (liberté, égalité et fraternité).

Оваа трилогија на едно место ги собира најзвучните имиња од француската актерска елита како: Жилиет Бинош, Жили Делпи, Ирен Жакоб, Eмануел Рива и Жан-Луј Трентињан. Уште еден елемент кој ја зголемува вредноста на ова генијално дело е и успешната соработка помеѓу Кешловски и истакнатиот филмски композитор Збигнев Праизнер (Zbigniew Preisner) кој за целите на оваа трилогија ја создал волшебната музика која совршено се вклопува во секоја од трите приказни правејќи ги неодоливи како за окото така и за увото.

Првиот дел –Сино

Како што првата боја на француското знаме е сината, така и првиот филм во трилогијата го носи истиот наслов – Сино (Bleu), пренесувајќи ја првата порака на француското мото: слобода (liberté).

Во првиот филм актерката Жилиет Бинош ве остава без здив додека ја гледате како се обидува со сите свои сили да расчисти со болното минато и демоните кои ја прогонуваат, очајнички барајќи ја толку посакуваната и недостижна (емотивна) слобода затоа што одново да се започне да се живее без сеќавања за ужасната трагедија, смртта на нејзиниот сопруг и дете во сообраќајна незгода

Вториот дел, Бело (Blanc) типизиран како антикомедија, разработува една сосема поинаква тематика од првиот. Бидејќи еднаквоста (égalité) е втората порака на познатото француско мото и филмот “Бело” ја отсликува рамнодушноста кон животот. Кешловски со умешност на филмски велемајстор ни го претставува главниот протагонист Карол (Zbigniew Zamachowski) како со рамнодушност гледа во еден подгрбавен старец кој се бори со сите свои сили да стави стаклено шише во корпа за рецикилрање.

Третиот дел Црвено (Rouge) e круната на трилогијата Три бои, не само затоа што се вбројува помеѓу најдобрите 1000 филмови направени во историјата на филмската уметност, туку и од една проста причина што тој е последниот филм на незаменливиот Кешловски, кој само две години по неговото снимање во 1994 ненадејно умре. Овој филм во себе ја носи пораката за братство (fraternité), рефлектирана во постапките на двајцата протагонисти Валентин (Irène Jacob) и судијата (Jean-Louis Trintignant).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ – понеделник, 19 мај 2025 – 00:45

Дејан Дејан

ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА – недела, 18 мај 2025 – 22:15

Дејан Дејан

НОЌ НА КРАЛЕВИТЕ – сабота, 17 мај 2025 – 23:30

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе