Македонија Најважни

Оставка на член на историската комисија со Бугарија

Оставка на член од македонскиот тим на Комисијата за историски прашања со Бугарија поради политички притисок и разочараност на македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи од работата на историската комисија, е пилогот на новата средба на мешовитата македонско-бугарска Комисија која вчера и денеска повторно се состана по пауза од четири месеци. Проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев член на Комисијата денеска преку соопштение информираше дека се повлекува македонскиот тим поради политичко влијание врз Комисијата, но и поради носење на препораки  во Комсијата без консензус.

„Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден  (21.10.2021 година) на  XV. редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР“, наведува Ѓорѓиев во соопштението.

Ѓорѓиев притоа наведува дека поради такво „двојно водство“ на македонскиот дел од Комисијата не бил почитуван принципот на консензуално носење на одлуки.

„Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност“, пишува Ѓорѓиев.

Според него искажаните ставови на другите членови на македонскиот дел од Комисијата на последната средба на Комисијата, вчера и денеска, не само што се во спротивност со усвоената резолуција од страна на македонското собрание во јули, туку дека се и во спротивност и со македонските национални интереси.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак отфрли какво и да е политичко интеревенирање во работата на Комисијата од страна МНР, но рече дека ќе ги испита наводите на Ѓорѓиев.

Според него вчера комисијата разговарала за апсолвирано прашање, за текстот за Цар Самоили, кој бил договорен пред една година, за тоа дали тој треба и како да се препорача за учебниците.

„За жал нема ништо договорено вчера и тоа повеќе ме вознемирува отколку дали еден член поради ралични причини се повлекол. Најважнотот во моментот е дека немало прогрес и немало договор за ниту една препорака вчера во однос на учебниците“, рече Османи.

Османи притоа пак вели дека тој е разочаран од работењето на Комисијата.

„Дека сум разочаран дека не прифатија да ја одржат средбата со физичко присуство, туку со он-лајн – да, сум разочаран и јас планирам да преземам мерки во овој дел. И никогаш нема да дозволам, ниту јас, ниту кој од Министерството, да се меша во содржината, во насоката… Но, дека ќе реагирам секогаш кога ќе видам опортунизам, секогаш кога ќе видам немање ентузијазам да се продолжи овој процес ,тука ќе реагирам“, рече Османи.

Рекација на тврдењата и оставката на Ѓорѓиев стигна и од владата. Од таму наведуваат дека Валадат во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала било какво политичко влијание во работата на експертска историска комисија меѓу Македонија и Бугарија. За одлуката на Ѓорѓиев да ја напушти Комисијата владата излез со став дека е тоа негова слободна волја, врз која таа немало никакво влијание, но се додава:

„Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Ѓорѓиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката ултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија“, стои во реакцијата од владата.

Од Комисијата пак изненаденост од тврдењата кои ги изнесе Ѓорѓиев, за кого велат дека заедно три години посветено работеле за постигнување на добри решенија за надминување на спорот.

„Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии“, стои во соопштението од Комисијата.

Притоа на обвинувањата на Ѓорѓиев дека на последниот состанок се носеле одлуки без консензус, од Комисијата демантираат дека вчера и денеска нејзината работа се разликувала од досегашниот утврден пристапот и размена на предлози, кои во ништо не ги нарушиле или биле спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси.

Комисијата и покрај оставката на Ѓорѓиев денеска продолжи со својата работа, што според шефот на дипломатијата не е никаков проблем, иако форматот на Комисијата, по седум члена од секоја од страните, е утврден при формирањето на Комисијата

Инаку за помалку од една година ова ќе биде втора смена во составот на македонскиот тим на Комисијата, откако во јануари на професорот Александар Литовски не му беше продолжен договорот во Комисијата и на негово место беше именуван професорот, Исамедин Азизи, од Институтот за национална историја.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта во Скопје – средба со Мицкоски, поддршка за ЕУ интеграциите

Дејан Дејан

Таравари денеска ќе поднесе оставка од Министерството за здравство

Дејан Дејан

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе