Вести Македонија

Новиот закон за градење треба да стави крај на хаосот во овој сектор

Новиот закон за градење ќе ги скрати процедурите, ќе ги регулира и категоризира сите гради на територијата на целата држава и ќе го стимулира просторниот и економскиот развој. ВО законот е предвидена зајакната инспекциска контрола која сега ќе биде во рацете на централната власт а не на локланата како што беше досега.

Новиот закон за градење, кој сеуште се изработува, според министерот за транспорт и врски Благој Бочќварски, најдоцна до крајот на годината ќе биде пред министрите во Влада и откако ќе биде усввен ќе оди во Собранието кај пратениците.

На денешната дебата околу новиот предло законот беше нагласено дека основни цели измените се за уредување на материјата на проектирање, за издавање акти за градење, приклучување на градбите на инфраструктурните системи, пуштање во употреба и одржување според наменета. Исто така се допрецизира категоризацијата на градби а клучното е што општинските инспектори ќе прејдат во државниот инспекторат за урбанизам и градежништво со што според  експертите ќе биде задлеку поефикасна контролата.

За архитектот Мирослав Грчев императив е што побрзо да се донесе новиот предлог закон, бидејќи веќе се доцни, а стручната фела губи интерес за учество во изготвувањето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе