Вести Македонија Најважни

Гужви пред вакциналните пунктови за трета доза вакцини

Вакцината на „Фајзер“ во овие моменти е најаплицирана вакцина во земјава, затоа што пред вакциналните пунктови повторно има редици како пред неколку месеци. Спласна интересот за прва доза и малку граѓани се ревакцинираат периодов, но затоа растат бројките на оние кои доаѓаат на вакциналните пунктови да се боцнат и со третата доза. Вака беше денес пред поликлиника „Букурешт“ – педесетина повозрасни лица застанати во редот, некои си заминуваат, но нови пристигнуваат. Сите слушнале за одлуките на Комитетот за имунизација и побрзаа да го поттикнат имунитетот со нова доза.

Вчера во „Букурешт“ се аплицирани околу петстотини вакцини, а докторите сметаат дека овој број дополнително ќе расте затоа што деновиве работат двосменски и непрекинато.

Во моментов работиме во две смени, организираме сме во два тима, вакцини има во доволен број. Во текот на вчерашниот ден, во две смени се аплицирани околу петстотини вакцини како трета доза. Денес до овој момент имаме аплицирано околу триста и се надеваме и очекуваме дека бројката ќе достигне како и во текот на денешниот ден. Има доволно заинтересираност и ги повикувам сите граѓани коишто можат да примат и трета доза, со одминати три месеци од Синовак и Синофарм и шест месеци од другите вакцини, да дојдат и да си ја примат третата доза за да се постигне еден соодветен колективен имунитет.“ вели Д-р. Виолета Гошиќ

Од Здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 4.933 дози вакцини, од кои само 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Инаку, ваквите гужви не се случуваат само денес, исто беше и вчера, па дури и пред два дена – и тоа во главните скопски поликлиники. Р едици за уште една доза вакцина за посилен имун одговор на вирусот има и во другите градови каде што побрзо опадна интересот за вакцинација и бројот на вакцинирани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе