По одбивањето на сите приговори поднесени од политичките партии за првиот круг на локалните избори, ДИК соопшти дека прегласување нема да има на ниту едно избирачко место. Пребројани се 99, 99% од гласовите. Излезноста е 51,44% што е за 8,07% помалку во споредба со изборите во 2017 година. Од вкупно запишаните избирачи 1 824 864, на гласање излегле 938 631.Најголема била излезноста во општина Лозово 78,23% а најмала во Центар Жупа 25,78%.изборите завршија во првиот изборен круг во 34 оптини. Најмногу градоначалнички фотељи 22 освои ВМРО ДПМНЕ. СДСМ 9 а ДУИ 3. На 31 октомври граѓаните во 46 општини и Град Скопје ќе го изберат градоначалникот кој во наредните четири години ќе ја води нивната општина. Битката за Скопје ќе ја водат актуелниот градоначалник Петре Шилегов поддржан од од СДСМ и независниот кандидат Данела Арсовска поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива. Значајни ќе бидат и победите во Куманово каде ќе се спротистават Максим Димитриевски и Оливер Илиевски, во Тетово ,Теута Арифи и Билал Касами, Гостивар-Арбен Таравари и Невзат Бејта. Во Кичево ќе се бира меѓу кандидатите на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.Предноста по првиот круг е на страната на Александар Јовановски кој има 300 гласови повеќе од актуелниот градоначалник Фатмир Дехари.Интересно ќе биде и во Охрид, Битола и Струга.По отфрлањето на приговорот за избирачкото место 0543 во Дебар, Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека ќе поднесат тужба до Управниот суд против одлуката на ДИК. Одлуката за евентуално прегласување на ова избирачко место ќе се донесе доколку се преифати приговорот и ако гласовите може да го променат изборниот резултат.
Јулијана Пешевска