Култура

Јана Манева – Чупоска со изложба во Националниот музеј на Војводина

Изложба на тема пандемија , од визуелната уметница и професор Јана Манева – Чупоска, утре (22.10), во 19 часот ќе биде отворена во Националниот музеј на Војводина, во Нови Сад . Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи, изработени во комбинирана техника, со молив, јаглен, акрил и темпера.

Изложбата е насловена „ Љубовници во пандемија“. Инспирацијата за неа Манева- Чупоска ја црпи  од актуелната состојба со пандемијата на корона вирусот, што во негативна насока целосно го промени начинот на живот кај луѓето. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потреба за враќање на животот во нормална состојба.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, нагласувајќи ја љубовта како ликовен симбол, кој во овие дела дава надеж дека таа сепак ќе го спаси човештвото.

Изложбата минатата година беше поставена во Националниот музеј во Херсон – Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе