Вести Ковид19 Македонија

Македонија ќе го набави лекот за ковид „Молнопиравир“

Лекот Молнопиравир, единствен лек против Ковид 19, наскоро ќе пристигне во Македонија. Од министертвото за здравство соопштија дека стапиле во контакт со производителот компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молнопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Сепак, од Министерството укажуваат дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе