Вести Македонија

35-мина авганистански бегалци кои престојуваат во земјава трајно заминаа во Грција

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште, информираше Владата.

Како што стои во владиното соопштениет, групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства.

Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата – додаваат од Владата

Во земјава моментално престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Нова група на авганистански бегалци од Македонија заминаа за Даблин

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе