Вести Ковид19 Македонија Најважни

1068 лица вчера примиле трета доза вакцина против Ковид

Вчера 1068 граѓани дошле да примат трета вакцина по одлуката на Комитетот за имунизација – да се скрати времето за поттикнување на имунитетот кај оние вакцинирани со кинеската Синофарм. Стручните лица увиделе дека токму таа вакцина поттикнала послаб имун одговор и тоа кај повозрасните лица, па затоа сега дозволуваат граѓаните кои најдоцна во средина на јули го заокружиле вакциналниот процес со примени две дози, да отидат во некој од пунктовите и да примат вакцина. Министерот за здравство вели дека оваа одлука се одлука којашто се базира на студии.

Вакцината на производителот „Фајзер“ е наменета за трета доза кај оние што ќе ја примат, независно каква добиле претходно. Македонските државјани кои спаѓаат во некоја од категориите, а се вакцинирани во странство, ќе мораат најпрво да одат на пункт за вакцинација и да бидат внесени во националниот систем како имунизирани граѓани. Информациите од извештајот на здравствените власти за периодот од 8 до 14 октомври,  покажуваат дека од 105 починати 26 биле вакцинирани и сите освен еден биле со хронични заболувања. Од 26-те лица, најмладиот починат е 48-годишно лице со кардиолошко и белодробно заболување и дијабетес. Од вакцинираните починати, едно лице, немало хронично заболување и имало 80 години, соопшти Министерство за здравство. Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „АстраЗенека“, четири починати пациенти со Ковид-19 примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од „Синофарм“. Инаку, првиот човек во здравството информираше и дека скринингот на средношколците започна и се одвива без никакви проблеми, согласности од родителите пристигнуваат секој ден, а до крајот на оваа недела ќе се тестираат и до 500 деца. Се тестираат деца во средните училишта и во основни училишта, а ниту едно дете не добило позитивен резултат на тестот.

 Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе