Култура

Премиера на детската претстава „ Рапунзел“ во Турскиот театар

Моќта на љубовта и победата на доброто над злото , се клучни мотиви во детската претстава „ Рапунзел“, чија премиера Турскиот театар ќе ја изведе во сабота (23.10), во 14 часот, на сцената на театарот Комедија.

Се работи за претставата работена според истоимената бајка на Браќата Грим, во адаптација и режија на Џабир Доко. Улогите ги толкуваат: Инес Радончиќ, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Жале Османи, Метин Ибрахим и Дин Ибрахим. Сценографија е авторство на Татјана Блажевска -Христоска, а костимограф е Розе Трајческа – Ристевска.

Премиерата ќе биде изведена согласно протоколите и препорачаните мерки против Ковид- 19, а бројот на седишта е ограничен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе