Со соло настап на шветскиот саксофонист, Матс Густафсон, во Националната опера и балет, вечерва започна јубилејното 40. издание на Скопскиот Џез фестивал. Се работи за светски истакнат музичар, активен на џез сцената од 1986 година. Тој изведува џез и фри- џез музика, а неговите настапи се карактеристични по енергичноста и импровизациите. Во досегашната кариера остварил многу соработки, па, во рамките на Скопскиот Џез фестивал тој ќе има уште два настапи со други музичари. Отворањето на фестивалот продолжува и со настап на квартетот на басистката Линда Меј Хан О, од САД.
На програмата на Скопскиот Џез фестивал годинава има настапи на музичари од САД, Куба и Европа, а Македонија ја претставува ансамблот на мултиинструменталистот и композитор Јордан Костов,чија промоција на новиот албум е в петок.