Култура

Започна 40. Скопски Џез фестивал

Со соло настап на шветскиот саксофонист, Матс Густафсон,  во Националната опера и балет, вечерва започна јубилејното 40. издание на Скопскиот Џез фестивал. Се работи за светски истакнат музичар,  активен на џез сцената од 1986 година. Тој изведува џез и фри- џез музика, а неговите настапи се карактеристични по енергичноста и импровизациите. Во досегашната кариера остварил многу соработки, па, во рамките на Скопскиот Џез фестивал тој ќе има уште два настапи со други музичари. Отворањето на фестивалот продолжува и со настап на квартетот на басистката Линда Меј Хан О, од САД.

На програмата на Скопскиот Џез фестивал годинава има настапи на музичари од САД, Куба и Европа, а Македонија ја претставува ансамблот на мултиинструменталистот и композитор Јордан Костов,чија промоција на новиот албум е в петок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе