Култура

Вечерва во МНТ изведба на претставата „ Поделби“, по романот на Добрица Ќосиќ

Поделбата на српското општество меѓу партизани -комунисти и четници, е главната тема во претставата „ Поделби“, на режисерот Југ Радивојевиќ, која вечерва гостува во МНТ. Поделбите меѓу луѓето, присутни уште од антиката, никому не му носат добро, а особено  не на еден народ, гласи пораката од овој театарски чин

Претставата е работена по романот на Добрица Ќосиќ, во драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ. Таа е копродукција меѓу Српско народно позориште од Нови Сад, Народно позориште од Ниш и Народно позориште од Приштина, со седиште во Грачаница.

Со претставата се одбележуваат еден век од раѓањето на писателот Добрица Ќосиќ и 60 години од неговото добивање на престижната награда на вестикот НИН, за романот „ Поделби“. Ќосиќ e и прв добитник на ниновата награда во 1954 година, за романот „ Корени“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе