Култура

Кровот на Драмски театар во 2018 бил целосно поправен со исклучок на страничните ѕидови

Кровната површина на Драмскиот театар во 2018 година била целосно заменета со нова , освен страничните ѕидови на кулата. А, во договорот со фирмата изведувач бил даден гарантен рок од 1 година. Ова е констатирано денеска, по увидот во документацијата за поправката на кровот, при што бил извршен и разговор со тогашниот технички директор, соопштија од Драмскиот театар.

  • НУ Драмски театар ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува кровот. Сепак, за подолготрајно решение  потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, а не санација, за што се потребни поголеми финансиски сретства, велат од Драмски.

Додека не заврши санацијата на кровот, театарот ќе продолжи со проби, а претстави ќе може да се играат само на малата сцена, додаваат од Драмскиот театар.

Поради врнежите од дожд, кровот на Драмски пред празничниот викенд протече на и околу сцената, иако во 2018 година поради истите проблеми беше поправен со сретства од Министерството за култура, во висина од 54 000 евра. Небезбедните услови за актерите и за публиката го принудија раководството во саботата да ја откаже изведбата на претставата „ Мојот маж“, во режија на Нела Витошевиќ, а привремено беа откажани и пробите за новите претстави и изведбите на тековниот репертоар.

Драмски театар работи во повеќепати поправана монтажна барака од 1965 година, добиена како донација од Британската амбасада по Скопскиот земјотрес.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе