Култура

Доделена државната награда „11 Октомври“

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и уметноста наградата беше доделена на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махим Несими.

На конкурсот се пријавија околу 30-тина творци од сите области на живеењето, посочи Атанас Костовски, член на одборот.

  • Треба сите да си ја вршиме работата како што треба, навреме. Само така ќе се заблагодариме и ќе и се оддолжиме на нераспролетената македонска младост која на овој ден пред 80 години силно извика да се чуе и во Берлин, Рим и во Софија „Смрт на фашизмот, слобода на народот, изјави Костовски.

Тој додаде дека со таа изјава е вграден животот во темелите на денешната современа и независна држава.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ е составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Оваа година конкурсот за пријавување траеше од 6 до 31 август.

Наградата се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1955 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе