Вести Македонија Најважни

Само полицискиот началник не признава вина, останатите обвинети за шверц на 200 килограми марихуана се спогодија за казни од 3,5 до 5 години затвор

Пет од шестмината обвинети за шверц на 200 килограми марихуана која во април беше запленета во близина на Плетвар во полициска акција во која учествуваше американската ДЕА, признале вина и се спогодиле со Обвинителството. Тие се осудени на затворски казни од три и пол до пет години. Единствено екс командирот на прилепската полиција, Кире Спиркоски, кој е во домашен притвор, не ја призна вината и него го очекува судски процес.

Од кривичниот суд потврдија дека спогодбата е склучена во средата кога е донесена и пресудата. Тие се товареа за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, член 215 ст 3.

„На ден 06.10.2021 година склучена е Предлог-спогодба помеѓу Јавен Обвинител и обвинетите:  А.У. ,  Д.Ј. ,  М.З. , М.С. и Г.К. при што е донесена пресуда со која: обвинетите А.У и Д.Ј. се осудени на казна затвор во траење од 5 години а М.З., М.С. и Г.К. се осудени на казна затвор во траење од 3 години и шест месеци“, соопштија од судот.

Во акцијата во која асистираше ДЕА беше пресечен меѓународен канал, а вредноста на заплените 200 килограми марихуана беше проценета на 800 илјади евра. При претсерите во домовите на обвинетите беа најдени поголеми суми на денари и девизи, накит, оружје и муниција.

Обвинетите биле во три возила. Во првиот автомобил чистач бил и командирот на прилепската полиција. Од полицијата соопштија дека преку селото Радобил, марихуаната требало да биде префрлена во Грција.

Иако не беше докажано дека марихуаната потекнува од домашни фабрики за производство на медицински канабис, на две фирми „Фарма ЕУ“ и „Медикал 420“ им беа одземени лиценците.

Опозицијата тогаш тврдеше дека еден од обвинетите, Александар Ушликоски, кој доби пет години затвор е возач на Трајче Заев, роднина на премиерот Зоран Заев, како и дека една од фирмите на кои им беше одземена лиценцата е поврзана со семејството Заеви.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Скопјанец физички се пресметувал со полициски службеници во станица

Дејан Дејан

Гласање во Северно Косово за разрешување на градоначалниците од четири општини, етнички Албанци

Дејан Дејан

Жртвите од сообраќајката каj Штип се од Скопје и Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе