Култура

Претстава на НТ-Битола победи на 55 МТФ „ Војдан Чернодрински“

Соопштени добитниците на наградите на 55 јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“,  во Прилеп. Според одлуката на жири комисијата во состав : Звездана Ангеловска – претседател и Бајруш Мјаку и Александар Милосављевиќ- членови, најдобра претстава е „ И коњите ги убиваат, зар не ?“, во продукција на НТ- Битола. За истата претстава Мартин Кочовски освои награда за режија, а групата Фолтин е наградена за музика .

Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и на актерите ја доби претставата „ Мојот маж“, на Драмскиот театар од Скопје. За најдобра сценска драматизација на колажот раскази од Румена Бужаровска, награди освоија режисерката Нела Витошевиќ и драматургот Викторија Рангелова- Петровска. Актерката Наталија Теодосиева доби награда за најдобра женска улога како збирно признание за повеќето рољи во претставата „ Мојот маж“, а Роза Трајчевска- Ристоска е наградена за костимографијата во претставата.

Наградата за најдобра машка улога му припадна на Јордан Симонов , за ликот на Филип во претставата „ Мој термин“, во продукција на МНТ. Наградата „ Трајко Чоревски“ , за млад актер ја освои Исидор Јованоски , за улогата на Оливер Глембај во претставата „ Глембаеви“, на НТ- Прилеп, а Ивана Кнез доби награда за сценографијата во оваа претстава.

Сабина Мемеши е наградена со признанието за млада актерка, за рољата на Олга во претставата „ Мурлин Мурло“, на Албанскиот театар од Скопје. Гентиана Рамадани, за ликот на Ина во истата претстава ја доби наградата за женска епизодна улога, а за машка епизодна улога, за ликот на Силвестер во претставата „ Крик за љубов“, во изведба на НТ-Охрид, наградата „ Димче Трајковски“, му припадна на Горан Стојаноски.

Наградата за кореографија и сценски движења ја освои Игор Киров, за претставата „ Едип коментари“, на театарот од Штип, а наградата за рекламен материјал отиде во рацете на Борче Димитријоски, за претставата „ Едвард раце ножици“, на Театарот за деца и младинци од Скопје. Годинава фестивалот не додели награда за драмски текст.

Фестивалската завеса во ЦК „ Марко Цепенков“ , во Прилеп ќе се спушти вечерва со доделување на наградите, а во чест на наградените Драмскиот театар ќе ја изведе претставата „ Драмски за Конески“.

55 МТФ „ Војдан Чернодрински се одржа од 1 до 8 октомври, а во духот на јубилејот претставите не беа селектирани, туку секој театар го избра својот фаворит со кој се натпреваруваше. Поради пандемијата изостана и тркалезната маса на критиката.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе