Вести Македонија

Специјалци уапсија тројца разбојници во чиј грабеж беше застрелан и загина еден од ограбените

5-мина осомничени од кои тројца извршители на две разбојништва во декември лани и во јануари оваа година се уапсени во акција на криминалистичката полиција. Членовите на групата се од Скопје (двајца), Кичево (двајца) и еден од Прилеп.

Акцијата ја спровела редовната полиција заедно со специјалците кои учествувале во апсењето. При претресите кај 5-мината осомничени најдени се муниција, марихуана, прашкаста материја и украдени предмети.

Во еден од грабежите на разбојничката група, едно лице- жртва починало по извршениот грабеж. Станува збор за 62-годишен кичевчанец кој бил застрелан на 15-ти јануари оваа година, а потоа починал во болница. Од ограбениот, разбојничката група одзела „поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени“.

МВР го објави соопштението за вчерашната акција за откривање и фаќање на разбојниците зад кои стои и загинат човек, а која се одвивала на повеќе локации:

На 03.10.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР Кичево, во координација со СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, ги лишија од слобода Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.

По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка.

Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 (разбојништво) од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор.

На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 (недозволено поседување оружје) и член 215 (недозволено поседување наркотични дроги) од Кривичниот законик.

На 15.01.2021 околу 17.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево, М.Т.(62) од Кичево бил физички нападнат од неколку лица, при што едно од нив со пиштол му нанело прострелна рана, по што му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени. М.Т. бил пренесен во Здравствен дом Кичево за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе