Вести Култура

Актерите од Албанскиот театар за деца бараат објектот да не е дел од имотот на ИВЗ

Актерите од Албанскиот театар за деца и млади се изненадени од, како што велат, штетната одлука на Министерството за финансии, со која на Скопското муфтиство при Исламската верска заедница, со денационализација му е вратен во сопственост објектот на театарот како вакафски имот. Актерите бараат поништување на одлуката, повикувајќи се на Законот за денационализација, според кој не се враќа имот доколку сега е од јавен интерес, туку сопственикот добива надоместување.

Изненаден е целиот колектив од ваквата одлука која оди на штета на културата, а особено на штета на децата . Бидејќи ова е единствениот театар каде што децата Албанци можат да гледаат театарски претстави. Се надеваме дека оваа неправедна одлука ќе биде поништена, за што апелираме и до властите. Поништувањето на одлуката го гледаме како единствено решение и не прифаќаме друго, вели Мумин Абдулаи- актер во Албанскиот театар за деца и млади

За отуѓувањето на објектот на театарот и добивањето статус на потстанари, директорката без конкретен одговор.

  • За овој случај одговор побаравме од директорката на Албанскиот театар за деца и млади, Дијана Тоска. Но, таа одби да зборува во камера со образложение дека тоа е работа на повисоки надлежни инстанци.

Молк и од Министерството за финансии. А, од ИВЗ со одговор дека објектот им бил одземен 1948 година, но сега театарот слободно може да продолжи со работа до конечната одлука на Ријасетот.

  • Според член 64 од Законот за денационализација , не е дозволено располагање со имотот што е предмет на денационализација, како и искористување на таков имот со кој се создаваат обврски на барателот. И одлуката на Владата со која му се дава објектот на Детскиот театар на трајно користење ( потенцираме, не во сопственост) е ништовна.

Овој театар е во надлежност на Министерството за култура.Од таму велат дека доставиле барање до Државното Правобранителство за поведување судска постапка за поништување на решението на Комисијата за денационализација .

  • Во конкретниот случај од страна на првостепената Комисија при Министерството за финансии постапено е спротивно на Законот за денационализација, Законот за заштита на културно наследство и на Кривичниот законик.

Од Култура се уште немаат предложено решение до Владата за сместување и вршење на дејноста на Албанскиот театар за деца. А, актерите не се помируваат со ситуацијата. Тие за петок најавија протести.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе