Економија

Оризопроизводителите бараат спас од Заев

Кочанските оризопроизводители попладнево во Влада се на средба со премиерот Зоран Заев, наместо денеска да го блокираат патот Штип-Кочани кај селото Облешево.

Здравко Арсов од Иницијативниот одбор вели дека на средбата се повикани, откако на мината неделниот протест ги испорачаа барањата, но и го блокираа патот на двете коловозни ленти.

Барањата им се да добијат производствена цена на оризот од 25 до 30 денари и забрана за увоз на ориз, со цел да се заштити домашниот кочански ориз.

Во кочанско почната е жетвата на оризот, но во амбарите на оризопроизводители стои околу 40 отсто од минатогодишната реколта, поради ниската откупна цена на оризовата арпа.

Од исходот на средбата со премиерот Заев ќе зависи и дали кочанските оризопроизводители повторно револтот ќе го изразат со блокади на патот Штип-Кочани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарски обвинувања за пругата – Македонски приказни за добра ноќ

Дејан Дејан

ССМ: Утре протестираме за повисоки плати

Дејан Дејан

Повеќе од половина милијарда евра должат државните институции и општините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе