Најважни Свет

Студент со ловечка пушка уби 8 свои колеги во Русија

Осум студенти се убиени во нападот кој се случи утринава на универзитетот Перм во Русија. 18-годишен студент сам, маскиран, со ловечка пушка во раце влегол во државниот универзитет и почнал да пука. Неговото доаѓање е забележано од студентите кои од погорните катови го снимаат на телефоните. Својата намера за вооружен напад ја најавил претходно на социјалните мрежи. Напишал дека е обземен од омраза и има намера да нанесе зло на луѓето. „Долго размислував за ова, со години, и сфатив дека мигот е дојден“, напишал напаѓачот на една од социјалните мрежи.

Но, доцна е отстранета насилната содржина. Од универзитетот Перм, каде и самиот студирал, ги предупредиле студентите кои се во зградата да останат во своите предавални. Младите луѓе забарикадирани внатре ставале столици и маси на вратите за да не му дозволат влез. Професорите се засолнале во кабинетите. Но, дел од студентите во паника почнаа да скокаат од прозорците на висина од над 4 метри, за да се спасат од насилникот.

Оваа предавална не била заклучена. Убиецот влегол и почнал да пука. Убил осум, во предавалната каде имало уште 60 млади луѓе, 19 од нив се со прострелни рани, а уште десетина се со тешки скршеници добиени од скокањето од прозорците, дел од нив успеале да избегаат. Потресно раскажуваат што се случувало.

Стоевме со другарите на влезот, се свртевме и видовме дека тој стрела на 20 метри од нас. Се разбегавме во различни правци. Пукаше во нас, но го погоди мојот автомобил. Среќа само автомобилот е оштетен, сите ние сме живи и здрави, изјави еден студент.

Една професорка помислила дека се работи за некаква вежба на универзитетот.

Толпа луѓе трчаат, а зад нив е млад човек со пиштол и пука. Потоа погледнав – еден човек падна на тревата и лежеше. Тогаш веќе разбравме дека ова не се предавања, туку нешто сериозно. Се затворивме во деканската канцеларија однатре. Почна во 11:20 часот, а ние седевме еден час. Тогаш полицијата тропна на вратата и почна да не евакуира, изјави професорката.

Прв на местото на настанот по дојава на сведок пристигнал блискиот сообраќаец, кој заедно со колегата се обиделе да организраат евакуација. Во соседната предавална забележал вооружен маж. Се обидел да го разубеди да го фрли оружјето, но тој одбивал и пружал отпор. Младиот полицаец немал друг избор освен да го рани и така да го совлада.

Осомничениот е веќе идентификуван, повреден е при приоведувањето затоа што пружал отвпор, а потоа е и хоспитализиран. Истрагата обира дополнителни материјали за осомничениот. Откриено е дека во мај осомничениот набавил ловечка пушка со мазни ленти од која пукал, изјави Светлана Петренко, портпаролка на полицијата.

Причините за нападот се уште се истражуваат. На распит се повикани неговите родители, кои се шокирани од постапката на својот син. Неговиот татко вели дека младиот човек се запишал на универзитет за да студира криминалистика. Не забележал дека има план за убиство, но истакнува дека голем дел од времето дома го минувал на компјутер.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе