Вести Свет

Нова криза меѓу Белград и Приштина- Косово ги отстранува српските таблиците, Србите протестираат

На граничниот премин Јариње, Брњак и Мердаре започна одземање на регистраските таблици со ознаки од северот на Косово, а возилата со ознаки од Србија мораат да земат пробни ознаки и да плаќаат такса.

Специјални единици на косовската полиција Рос распоредени се од утрово на двата административни премини Јариње и Брњак. Србите од северот на Косово го блокираа преминот Јариње во двата смера, а припадниците на Рос бараат од нив да се повлечат.

Косовската полиција кај преминот Брњак употреби солзавец за да ги растера Србите кои протестираа против одлуката на институциите во Приштина, но луѓето останаа на местот на протестот. Српските репортери јавуваат дека во моментов границата може да се помине само пешки, откако косовската полиција утрово ја извести српската полиција за новите мерки.

  • Поминаа 10 години како нашите граѓани плаќаат за српски привремени таблички, ние не ги сакаме ниту едните ниту другите. Се додека нашите граѓани мора да платат за табличките кога ќе влезат во Србија, тие ќе се користат при влез во Косово така е добро- Албин Курти, премиер на Косово.
  • Ги повикувам сите овде да останат смирени и да не бидат испровоцирани. Ја повикувам Приштина да не биде испровоцирана и да не создава провокации, а исто така го повикувам и Белград и државата Србија, го повикувам српскиот претседател Вучиќ да ни помогне- Горан Рачиќ, српски лидер и министер за повратници во косовската влада.

Српскиот претседател Вучиќ е на состанок со Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, по што ќе има обраќање пред јавноста.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе