Средните училишта во Авганистан од денеска се отворени само за момчињата и во нив може да предаваат само мажи наставници. Ние сме очајни, велат девојчињата кои денеска талибанците ги протераа од училиштата.
Портпаролот на талибанците соопшти дека нема планови наскоро да бидат отворени училиштата за девојчиња.
Во Авганистан расте стравот дека може да се врати суровото правило од 1990-тите, кога беше воведена слична забрана.
Средношколците се претежно ученици на возраст од 13 до 18 години.
Забраната за одење на девојчињата во средно училиште значи дека тие нема да можат да го продолжат своето образование, додава Би -Би -Си.
Исто така Талибанците денеска наместо министерство за жени воведоа „министерство за спречување на порочите и промоција на доблести“ со цел да наметнат ригидно толкување на исламот. Денеска е персоналот од Програмата за економска поддршка на зените и за рурален развој на Светската банка, беше испратен дома.