Култура

Тврдината Исар во Штип се уште нема соодветен третман за да привлече бројни туристи

Културно историските споменици, туристите и ќарот се уште не одат заедно во земјава. Првите луѓе на институциите тврдат дека проекти има, но потребно е во нив да се вклучат и општините. Штипскиот Музеј има проекти, како подостапен за туристите да стане симболот на градот, но засега е во фаза на лобирање кај институциите. 

Тврдината Исар, симболот на градот Штип се уште нема соодветен третман за да привлече бројни туристи. Со него се врзани  голем број на настани, легенди, но и манифестацијата Ч етрсе, која е дел од нематеријалното богатство на УНЕСКО. Проекти за да се обноват бедемите на тврдината, но и да се направат содржини на него има, но се уште се само на хартија.

Надлежните се согласни дека не е доволно да се врши само конзервација на објектите и локалитетите, се бара начин тие да бидат привлечни за посетителите, а со тоа и самоодржливи. Според првиот човек на Управата за култутрно наследство потребен е мултидисциплинарен пристап.

Министерката за култура тврди дека годинава имаат најмногу издвоено пари за заштита на спомениците, а до крајот на годината ќе видат дали дадените пари се реализирани. Но смета дека не е секогаш до парите, туку и како институциите менаџираат.

Викторија Јованова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе