Свет

Талибанците не ја исклучуваат можноста за одржување избори во Авганистан

Главниот портпарол на талибанците, Сухаил Шахин, не ја отфрли можноста за одржување избори во Авганистан, јави денеска „Гласот на Америка“ (ВОА).  Шахин кажа дека ова прашање ќе се реши со новиот устав.

Ајде да почекаме малку кога станува збор за прашањето за изборите. Планираме да усвоиме нов устав, така што ќе зборуваме за тоа кога ќе работиме на неговиот нацрт, рече Шахин во интервју за урду сервисот на „Гласот на Америка“.

За време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, талибанците ги критикуваа демократските избори, ги карактеризираа како западна традиција спротивна на исламот и напаѓаа избирачки места, работници и предизборни собири.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан на 15 август, а претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 120.000 луѓе од Кабул.

Новата влада беше формирана минатата недела, и главно се состои од припадници на талибанската тврда струја, предводена од премиерот Мохамад Хасан Ахунд.

Во владата нема жени, ниту припадници на националните малцинства, кои беа во владите во изминатите две децении.

Талибанците се дистанцираа велејќи дека назначувањата не се трајни и дека на жените ќе им биде дозволено да влезат во владата, иако не на министерски позиции.

Уставот на Авганистан од 2004 година предвидува дека сите закони мора да бидат во согласност со шеријатскиот закон, а талибанците најавуваат уште построги прописи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе