Најважни Свет

(фото)Повредени и солзавец на протестите во Љубљана против ковид мерките

Противници на мерките за борба против коронавирусот вечерва протестираа на плоштадот „Република“ во Љубљана, барајќи промена на мерките и Владата да поднесе оставка.

По два часа, тие запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија, објави Н1 Словенија.

За време на протестот повредени се неколку полицајци, а хеликоптери го надлетувале градот.

Како што јавуваат словенечките медиуми, демонстрантите имале две барања: промена на мерките за борба против Ковид-19 во препораки и предвремени избори.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но инцидентот се случи веднаш штом непознато лице фрли шише кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот. Собраните луѓе се приближија и до влезот во зградата на Собранието, поради што полицијата го засили своето присуство пред Националното собрание, јавија словенечките медиуми.

Како што е наведено, за да ја растера толпата која фрлаше факели кон Парламентот, полицијата одговори со солзавец и водени топови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе