Култура

„Сестри“ на Дина Дума го отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

42-то издание на фестивалот на филмската камера Браќа Манаки започнува вечерва во  Битола. Манифестацијата посветена на работата на кинематограферите, лани не се одржа, а годинава ќе биде во скртена форма и со почитување на ковид протоколите.

Се прават последните подготвки за свеченото отворање на фестивалот Браќа Манаки. Пристигнуваат гости од земјава и странство, лауреатите, филмските работници, љубителите на седмата уметност. По една година пауза, филмот се враќа во Битола

Наместо во Центарот за култура, свечената церемонија за отворање ќе се одржи под вердо небо во Пациото на битолскиот Завод и музеј, каде ќе можат да влезат само оние со сертификат за вакцина или прележан Ковид-19. „И покрај се“ е мотото на годинешното издание, кое ќе се одржи и покрај сите проблеми со кои се соочија орагнизаторите при подготовката.

Не можете ни да замислите какви препреки заобиколувавме за да го имаме фестивалот. Проживеавме неколку филмски жанрови, од акциони, до трилери, хорор филмови, до комедии многу често. Првиот сон беше дека фестиавлот мора да го има и го има, рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

Ќе бидат прикажани 10 филмови во официјална конкуренција и 10 краткометражни. Филм за отворање е македонскиот „Сестри“ на Дина Дума, а на фестивлот ќе има уште едно македонско остварување, краткиот филм „Северниот пол“ на битолчанката Марија Апчевска. За оф програмата се задолжени битолчани кои најавуваат интересни содржини.

Ќе има содржини кои нема да бидат само забава, туку ќе служат за анимирање како на самите битолчани така да имаат чувство дека се случува фестивал, така и на посетителите кои доѓаат, кои ќе го доживеат градот поинаков, разигран, со фиеста, значи со едно славење, вели Тоше Ивановски кои ја води ОФ програмата.

Во Битола веќе пристигна еден од лауреатите, австрискиот кинематографер Кристијан Бергер. Фестивалот ќе трае 6 дена а ќе се затвори со францускиот филм „Титаниум“, победник на Канскиот фестивал.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе