Вести Ковид19 Македонија Свет

Одобрувањето на вакцината Спутник суспендирано од СЗО

Светската здравствена организација го суспендирала процесот за одобрување на руската вакцина против коронавирус Спутник В, откако биле откриени голем број прекршоци во производството за време на инспекцијата во Русија претходно оваа година, објави претставникот на канцеларијата на СЗО за Америка, Џарбас Барбоса.

Тој сугерираше дека ќе бидат потребни нови инспекции во една од фабриките каде што се произведува вакцината, пред вакцината да добие одобрение за итна употреба.

Во извештај од јуни, СЗО објави дека открила повеќекратни прекршувања во фабрика во сопственост на руската фармацевтска компанија Фармастандард во градот Уфа, вклучително и во „спроведување на адекватни мерки за ублажување на ризиците од прекумерна контаминација“.

„Фабриката треба да го послуша советот, да ги направи потребните промени и да биде подготвена за нови инспекции. СЗО чека производителот да испрати вести дека се подготвени“, рече Барбоса.

Русија поднесе апликации за одобрување на вакцината и до СЗО и од Европската агенција за лекови (ЕМА) во февруари, откако резултатите од рецензијата објавени во медицинскиот весник „Лансет“ покажаа дека вакцината е безбеден и 91,6 проценти ефикасна против ковид-19.

И СЗО и ЕМА минатата недела соопштија дека се уште чекаат комплетирање на бараните податоци од креаторите на Спутник, а европската агенција одби да соопшти јавно какви информации недостигаат.

И покрај тоа што нема одобрение од СЗО и од ЕМА, руската вакцина Спутник Ве се користи во голем број земји низ целиот свет. Одобрувањето на оваа вакцина ќе биде голема дипломатска победа за Русија, но ќе овозможи и полесно патување за руските граѓани кои се вакцинирани со спутник.

Засега во европските земји и во САД, Спутник не е е признаена вакцина со која се дозволува влез во тие држави.

Во Македонија пристигнаа вкупно 46 илјади дози од Спутник (српска и руска донација). Половина беа прва, а половина втора компонента бидејќи Спутник е единствена анти-корона вакцина која се аплицира во две различни компоненти. Досега кај нас се вакцинирани 22.904 граѓани со прва доза,  а 22.501 со двете компоненти.

Македонија договараше набавка на Спутник вакцини од Русија, но досега не се реализраше зделката, а нема ни прецизно објаснување- зошто. Во меѓувреме Србија почна да произведува Спутник вакцини со план да продава и во земјите од регионот, меѓу кои и во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе