После подолга пауза на креативното поле, Мариела М Аџигогова на јавноста и претстави 20-тина дела, цртежи и слики, изработени во комбинирана техника која вклучува комбинација од акрилни и маслени бои, на моменти и апликации на одредени материјали (платно, метал, конец..)
Земајќи во предвид дека приоритетите во одредени периоди во животот се наметнуваат сами по себе и покрај работниот ангажман, остварувањето како родител е една од најбитните и најодговорни улоги во животот. Креативноста секако е присутна и на периоди е некогаш со појак интензитет, некогаш со послаб, но творештвото не треба да се гради на сила, тоа се создава, се чувствува, се живее. Секој момент, секое чувство е врежан запис кој мемориран во душата и во даден момент се преточува во делата во еден кулминирачко креативен занес, вели Аџигогова.
Повеќето од делата се создадени последните години, вклучително и периодот на излолација, каде Стравот, Оттуѓувањето наметнати од една страна, наспроти надежта и верата кон доброто, возвишеното и креативното. Во овој период, уметноста ја доживеав како исцелителна, медитативна, со копнеж кон природата и нејзиното квалитетно и емоционално восприемање, негување на духовноста, љубовта, креативноста, емоцијата, создавањето и самоспознавањето, додава Аџигогова.