Вести Култура

Деветта самостојна изложба на Мариела М Аџигогова

После подолга пауза на креативното поле, Мариела М Аџигогова на јавноста и претстави 20-тина дела, цртежи и слики, изработени во комбинирана техника која вклучува комбинација од акрилни и маслени бои, на моменти и апликации на одредени материјали (платно, метал, конец..)

Земајќи во предвид дека приоритетите во одредени периоди во животот се наметнуваат сами по себе  и покрај работниот ангажман, остварувањето како родител е една од најбитните и најодговорни  улоги во животот. Креативноста секако е присутна и на периоди е некогаш со појак интензитет, некогаш со послаб, но творештвото не треба да се гради на сила, тоа се создава, се чувствува, се живее. Секој момент, секое чувство е врежан запис кој  мемориран во душата  и во даден момент  се преточува  во делата во еден кулминирачко  креативен занес, вели Аџигогова.

Повеќето од делата се создадени последните години, вклучително и периодот на излолација, каде Стравот, Оттуѓувањето  наметнати  од една страна, наспроти  надежта и верата кон доброто, возвишеното и креативното. Во овој период, уметноста ја доживеав како  исцелителна, медитативна, со копнеж кон природата и нејзиното квалитетно и емоционално восприемање, негување на духовноста, љубовта, креативноста, емоцијата, создавањето  и самоспознавањето, додава Аџигогова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе