Култура

Со премиера на „ Грдиот“ на театарот Комедија започнува фестивалот „ Гола месечина“

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ,ќе се одржи по осми пат,  од 15 до 19 септември , под отворено небо, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и театарот Комедија“. Ќе започне со премиера на претставата „ Грдиот“, по текст на Мариус фон Маенбург, а во режија на Ирена Стеријовска.

На програмата  на „ Гола месечина“ се и претставите: „Чудесна терапија“, на Драмскиот театар од Скопје, „Што е силеџија“, во продукција на Театарот за деца и младинци,  „Мој термин“, од МНТ и „Вообразен болен“, од НУЦК „Трајко Прокопиев“ –Куманово.

Фестивалот ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Тој и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството. Сите претстави ќе почнуваат во 21:00 часот.

Поради ограничениот број на седишта  (до 200), ќе може да се влегува само со бесплатни билети што може да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава, со приложување лична карта, но доколку поседува сертификат за вакцинација.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе