Вести Култура

Европскиот воз пристигнува во Скопје

Под  мотото „Иднината е во железницата“,  вечерва на Железничката станица во Скопје пристигнува Европскиот воз. Пристигнувањето е во рамките на глобалниот настан „Connecting Europe Express“, со кој Европската Унија ја одбележува 2021 како „Година на железницата“.  При тоа за време на 36 дневното патување низ 26 земји  се организираат бројни манифестации  кои имаат за цел да ги покажат сите предности на железничкиот сообраќај, како еден од најодржливите, најбезбедни и иновативни начини на транспорт.

Вечерва Европскиот воз во Скопје ќе пристигне во 22 часот и ќе го пречекаат претставници од дипломатскит кор и политичари.

Со возот  ќе пристигне министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој  денес учествуваше  на Меѓународниот самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што  се одржа во Белград  каде беше потпишан документот „Посветеност на Железницата“, со кој се предвидува изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ќе ги поврзуваат градовите во регионот

  • Наша заедничка цел е железничкиот транспорт да биде подеднакво развиен како и во земјите на Европската Унија и да биде признат и препознат како побрз, безбеден и еколошки транспорт.

За таа цел ќе се работи на изградба на коридорите 10 и 8, дополни, Бочварски.

Во разговор со уметниците, велат дека токму ваквите места како Железничката станица ја разоткриваат поетиката на просторот.

Во еден од вагоните  е поставена изложба со најзначајните проекти за  компаративни предности на железниците во Европа. Возот ќе преноќи во Скопје  и утре го продолжува своето патување кон Атина.

„Connecting Europe Express“  го започна своето патување од Лисабон на 2 септември, a крајната дестинација е Париз каде треба да го заокружи своето патување на 7 октомври.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе